Пред дваесет години пролетта на Косово не донесе убави вести. Тамошните жители почувствуваа страв, немир. Голем дел од нив станаа бегалци и беа втурнати во неизвесност. Најголемиот дел од нив речиси половина милион уточиште најдоа во Македонија. Во екот на бегалската криза и вооружените судири на Косово, во подножјето на планината Сува Гора во срцето на полошката рамнина, се правеа подотовките за да се згрижат над педесет илјади бегалци.
Месноста Рудина во непосредна близина на селото Чегране беше преуредена и во неа беа обезбедени услови за да функционира како камп.
Кампот Чегране, безбедно гнездо за 55 илјади бегалци
Таа пролет за жителите на селата Чегране и соседното Форино (најголемите во општина Гостивар) по многу нешта ќе остане запаметена. Во областа во која дотогаш живеаа околу 12 илјади етнички Албанци стана побројна за четири до пет пати. Но, како се зголемувала бројката на бегалци, така се зголемувала и хуманоста. Така пошироко се отварале вратите за да се згрижат бегалците.
За тие денови во времето на бегалската криза и за иницијативата за комеморативно одбележување МИА го посети Чегране и разговарше со тогашниот управник на кампот. Адвокатот Фадиљ Џелили во 1999 година бил млад правник и политички активист на ДПА. Таа пролет му била доделена функцијата.
– Бев назначен од страна на Министерството за труд и социјална политика и УНХЦР. Тоа беше непосредно пред кампот да биде биде отворен, кон крајот на април 1999 година. Тоа е периодот кога бегалската криза е во најголемиот ек и започнува да се врши прием на бегалците. Заедно со уште 30-тина луѓе го организравме сместувањето и редот во кампот. Наша задача беше да го спроведеме „куќниот ред” и да ги се грижиме за спроведувањето на правилата што беа одредени за животот во кампот, вели Џелили.
Тој се присетува дека во месноста Рудина, над селото Чегране веќе имало околу 4-5 илјади бегалци и повеќе стотици фамилии во куќите на селаните. Во тоа време камповите Стенковец 1 и Стенковц 2 биле препоплни, а имале и привремен карактер и всушност тие ја имале улогата на прифатни центри.
-Кампот во Чегране беше изграден и предвиден за прифаќање на бегалци на подолг рок, бидејќи не се знаеше колку ќе трае и кога ќе се реши кризата. Владееше голема неизвесност. Од првиот ден веќе почна да доаѓаат големи групи. Дневно по 10-15 автобуси, некогаш и повеќе. Според некоја моја евиденција во еден момент во кампот имаше околу 55 илјади луѓе. Така беше од крајот на април до 12 јуни кога се потпиша спогодбата во Куманово за повлекување на воените сили на српската војска и полиција. Тогаш почна и да се намалува бројката, а луѓето почнаа да се враќаат на Косововели некогашниот управник Џелили.
Тој појаснува дека бегалците заминувале зависно од кој реон беа дојдени, некои заминаа и не се вратија во кампот, а некои останаа уште некој период. Тоа зависеше од тоа дали имаа услови за живот, дали нивните домови беа разрушени, оштетени и во која мера.
-Поголемиот дел го напуштија кампот кон крајот на август и останаа околу четири илјади. Тоа беа главно бегалци од прешевската долина и помал број Косовари. Некои од тие што останаа во кампот чекаа документи за да заминат во странство
За животот во кампот во тој бурен период управникот Џелили вели дека бил многу динамичен и се работело речиси 24 часа, но како што вели, помагајќи им на луѓето не се забележувал заморот. Овој адвокат сега се сеќава дека во тој период имало и погреби. Тоа биле луѓе кои починале заради старост или болест, но повеќе сака да се сеќава на раѓањето на деца. Во тој период во болницата во кампот се родиле 22 деца и шеговито вели имале зголемен наталитет.
Отворени порти и подадена рака за секој бегалец
Во овој период на далеку се слушнало за хуманоста на жителите на Чегране и Форино двете најборјни села во гостиварската општина. Според Џелили таа била и се покажала дека е највиско ниво. Освен во кампот во бегалците се сместувале и во куќи. На ваков начин се сместиле близу седум илјади бегалци. Капиите биле отворени за да може некој да влезе и да се послужи со вода или за друга потреба. Некои соселани кои работеле во странство, ги дале нивните куќи за сместување, а имало и договор, во селските продавници да се дава и стока на вересија
-Интересно е што во координација на двете месни заедници и тогашната општина беше решено да излезе во пресрет во рамки на можностите. Продавниците и нивните сосптвеници понесоа голем терет. Тие даваа прехранбени продукти и хигиенски препрати на вересија. Но особено значејно е што подоцна тоа им беше платено. Како некој од бегалците добиваше пари од роднини или се снаоѓаше, така си ги плаќаа вересиите, кажува Џелили.
Лошото за добро
Бегалската криза во Чегране донела и убави работи. Отврањето на кампот и доаѓањето на бегалците поттикнало создавење трајни врски, зближувања и развој на меѓусебните односи. Познато е дека дваесетина девојки станале невести во Гостиварско. Многу семејства и ден денес остваруваат средби за празници и слични пригоди.
Чегранскиот камп во тој период бил често и топ вест во светските медиуми. Тоа најмногу се должи на посетите што во тоа време ги направиле претседателот на САД Бил Клинтон, генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана, германискиот дипломат Клаус Кинкл. Особено привлечна за медиумите била и посетата на холивудскиот актер Ричард Гир кој бил во хуманитарна мисија.
Некогашниот управник се сеќава при една негова посета на Приштина, го препознал човек кој бил токму сместен во кампот. Иако бил во друштво, некогашниот бегалец сакал да возврати и да ги почести гостите од Гостивар. При средби многу пати се случувало да ми кажат дека биле во кампот и дека се благодарни на грижата.
Меморијална манифестација по повод 20 години од отварањето на кампот
Фадиљ Џелили како поранешен управник на кампот како дел од иницијативниот одбор заедно со уште 14 видни луѓе од Форино и Чегране, уште од лани започнале да работат на одбележувањето на годишнината. Иницијативата потекнала токму од луѓето кои биле вклучени во згрижувањето на бегалците.
Во организациониот одбор кој бил фромиран лани има претставници на политички партии, хумани луѓе и луѓе кои се влијателни.
– Целата оваа работа е волонтерска и успеавме да организраме целодневна програма. Планираме да започен во 14 часот во сабота и да ја заокружиме вечерта околлу 22 часот. Дел од настаните ќе бидат во месноста Рудина, а дел и во селото. Поканети се високи гости и дражавници, а очекуваме и дипломати и претставници на земјите кои го помагале функционирање то на кампот Италија, Германија, Австрија, Франција САД и ЕУ, вели Џелили
Меморијалната програма со наслов „20 години од егзодусот на Косоварите-Камп Чегране 1999-2019″ има повеќе содржини. Ќе започне со оддавање почит на починатите и откривање на спомен плоча на селските гробишта, по што следува пригоден собир со обраќања и културно-уметничка програма. За потсетување на тоа време ќе биде прикажан и документарен филм тркалезна маса на која ќе зборуваат еминентни научници и хуманитарци, а ќе биде отворена и изложба на фотографии.
Џелили вели не смее да се заборави дека Гостивар и околината го имаа најголемиот терет. Во овој крај повеќе од една третина на бегалците беа сместени и дека во еден период пристигнале повеќе бегалци од бројот на жители во општината. Сепак со одбележувањето на годишнината сакаат кон светот да пренесат две пораки
– Ние се покажавме како хумани и гостопримливи луѓе кои во тешки ситуации знаат и сакаат да помогнат и подадат рака. И ако тоа не дај Боже, биде потребно, повторно ќе го направиме. Втората е да не се заборави она што што се случило, но да не се повтори. Сепак крајната цел на оваа иницијатива е да се изгради еден комплекс или меморијален центар. Замислуваме тоа да биде парк со повеќе содржини. За оваа работа потребно ни е урбанистичко решение и тоа да биде вклопено во урбанистичките планови. Вака овој простор сега се узурпира, подвлекува Џелили.
Гостите на одбележувањето ќе имаат можност да се потсетат и низ слики. За годишнината ќе се има и промоција на документарен филм и изложба.
Документарниот филм за оваа прилика го изработи продукциски тим во локалната телевизија „Глоби”. Во него, покрај архивски снимки има и директни сведоштва и интервјуа со лица кои во тоа време биле актуелни како политичари и хуманитарци.
Изложбата со фотографии од Осман Демири има наслов „Првите чекори во камп” го прикажува животот на децата. Овој фотограф ќе прикаже 40-тина фотографии со мотиви децата и нивното стапнување во кампот Чегране.
– Идејата ми беше да не повторувам фотографии и мотови кои ги пренесоа сите светски медиуми, туку тоа да биде малку поразличен поглед. Мислам дека единствените суштества кои беа малце по “нормални”, беа децата. Тие буквално не знаеја што се случува околу нив и каде се наоѓаат, а беа единствената надеж на косовскиот народ, вели фотографот Осман Демири.