„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште една награда. Овој пат на филмскиот фестивал во Пула, Хрватска, кој се одржува од 13 до 21 јули.
Имено, Теона Стругар Митевска доби Златна арена за најдобар режисер токму за филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“. Како што е наведено во соопштението, одлуката за доделување на оваа награда на Теона била донесена едногласно.
-Прецизната препознатлива режисерска работа успеа целосно да го вовлече гледачот во случувањата, карактерите, настаните и општествените околности во филмот – се наведува во соопштението.