Русковска: За Катица нема посебна истражна (ПИ) мерка, „Империја“ ќе почне од почеток

Новото обвинителство може да го почне предметот „Империја“ од почеток, порача обвинителката Вилма Русковска, којатреба да ја наследи Катица Јанева во новото обвинителство во кое ќе се спојат нејзиното и СЈО. Таа во гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 вели дека не смета оти случајот „Рекет“ ќе влијае на предметот „Империја“. За новиот закон таа рече дека се изненадила и оти од новинарите дознала за предлог-законот кој вчера го презентираше премиерот Зоран Заев.

За информацијата која вчера ја изнесе лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, дека има мерка „С“ односно забрана за излегување од државата на Катица Јанева, Русковска рече дека за неа нема посебна истражна (ПИ) мерка.

-Давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но, доколку тој го пријавил, се ослободува од одговорност. Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Но, јас реков не, кога ќе излезе, ако излезе, кога сака може да дојде. Сумата оди нагоре, но за тоа немаме цврсти докази. Ние долго време ја работевме предистрагата, бидејќи имаше сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО. Затоа вршевме и толку проверки, рече Русковска.Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека вториот мобилен телефон на Катица Јанева не е пронајден.

Треба да знаете
Последни објави