Американскиот државен секретар, Мајк Помпео изрази уверување дека Велика Британија ќе го испорача основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на САД, каде е обвинет за шпиунажа, и покрај тоа што за делото би можел да добие смртна казна.
„Веќе поднесовме барање, така што тој ќе биде испорачан на САД“, изјави Помпео.
Асанж во моментов е во затвор во Лондон, каде служи 50 недели затворска казна поради кршење на условите за кауција. Тој помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне испорачување во Шведска каде го бараат за наводно силување.