Таксистите во Црна Гора ќе мораат во возилата да jа изложат легитимацијата на видно место, а за возачите ќе биде задолжително и носењето на униформа.
Ова е предвидено во измените и дополнувањата на законот за превоз во патниот сообраќај.
Новините се воведуваат со цел да се отстрани нелојалната конкуренција и да се спречи сивата економија во оваа дејност, пренесе „Вјести“.