Тешка сообраќајна несреќа се случи во близина на Требеништа, во општина Дебарца.
Едно од возилата е мотор, кој е целосно уништен. Не е познато каква е здравствената состојба на возачот.
На терен е излезена полицијата, која треба да ги утврди причините за несреќата.
Поради сообраќајката, на патниот правец Требеништа-Охрид има застој, а колони возила до влезот од Охрид.