Вооружан напаѓач убил четворица мажи и ранил уште седум лица во популарен бар во мексичкиот град Акапулко, што е уште еден во низата насилни инциденти во некогашното гламурозно одморалиште на брегот на Тихиот Океан.
Обвинителството на државата Гереро соопшти дека жртвите биле жители на Акапулко, а уапсен е еден осомничен.