Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е аболицираниот Зоран Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството. Граѓаните се жртви на криминалното работење на власта.
Никој во Република Македонија не верува дека човекот кој е три пати амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев не е вмешан во најголмата корупциска афера во поновата македонска историја, случајот Рекет.
Единствена партија во Македонија која застана во заштита на криминалот во Македонија е СДСМ.
Што се случи одговорноста, кривична и политичка за Курто Дудуш, градоначалник од редовите на СДСМ кој во својот кабинет малтретираше граѓанин?
Што се случи со ,,Leonardo will win” и одговорноста за Драги Рашковски кој навреди пријателска држава, ги навреди нашите сограѓани, а постојат и сериозни индиции за криминал?
Кои се Кики и Фрики, дали Зоран Заев знае кој негови сопартијци се вмешани во аферата Рекет, дали тие се дел од операцијата за рекетирање и уценување на македонски бизнисмени?
Во медиумите се шпекулриа дека Катица Јанева учестувала во рекетот, зошто таа не е осомничена, зошто Јанева не е во притвор?
Правдата во Македонија ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине од македонската политичка сцена. Кога ќе се врати правдата ќе одговараат сите!