Над 10.000 пушки, делови од оружје и опрема предадоа жителите на Нов Зеланд во првата недела од откупот што го започна државата по масовното убиство во џамијата во Крајстчрч во март, соопшти полицијата.
Законот за реформи во оружјето донесен во април во голем дел го забранува полуавтоматското оружје, деловите што го претвораат оружјето во полуавтоматско, како и некои пушки.
Сопствениците имаат краен рок до 20. декември да го предадат своето оружје, а владата одвои повеќе од 140 милиони долари како фонд за компензација.
Досега повеќе од 2.000 луѓе предале 3.275 парчиња оружје, 7.827 додатоци и опрема а за возврат властите платиле нешто повеќе од 4 милиони долари, изјави портпарол на полицијата за агенцијата „Ројтерс“.