Во скопските општини, како Аеродром, со години постои приватен дисперзиран систем за лечење на наркозависници

Во Скопје има веќе воспоставен систем за лекување на наркозависници преку приватни психијатри. Освен во Центарот во Кисела Вода, лекување на болести на зависности долго време се спроведува на уште 6 локации. Две во јавно-здравствени установи и 4 приватни психијатриски ординации, од кои вкупно 3 во општина Центар, 2 во Аеродром и 1 во Карпош. Со оглед на тоа дека досега нема ниту еден посериозен проблем на ниту една од овие локации покажува дека дисперзираниот систем дава подобри резултати. Односно дека ако помал број на пациенти се лекуваат на едно место поголема е контролата, а во исто време овие пациенти ги посетуваат овие центри кои се блиску до нивното живеалиште. Овозможувањето на третман блиску до местото на живеење ќе го олесни секојдневниот живот на луѓето кои се лекуваат и ќе отвори простор за рехабилитација и ресоцијализација, што подразбира и пристап до можности за вработување кое е тешко изводливо ако пациентите треба да патуваат по неколку часа дневно за да го земат потребниот лек.

Болеста на зависност, гледано медицински, има иста генеза и карактеристики како и сите други хронични болести. На пример, исто како и кај шеќерната болест или високиот крвен притисок, постои вродена предиспозиција која во комбинација со фактори од околината резултира со развој на болеста за која е потребно привремено или трајно лекување. Затоа, нема причина здравствениот систем да ги третира овие наши сограѓани на поинаков начин од сите останати пациенти кои се лекуваат од хронични болести.

Децентрализираното лекување на болести на зависност е пракса која се применува во многу соседни и европски земји. На пример, во Белград лекувањето на зависности се спроведува на 8 локации (6 дневни центри за лекување и 2 болнички единици), а во Тирана на 4 локации (2 drop in центри и 2 болнички единици). Слична е и ситуацијата во сите европски земји каде лекувањето е уште повеќе децентрализирано, па терапија освен во специјализирани центри пациентите можат да добијат и од матични лекари (на пример, во Италија има над 981 локации на кои се овозможува лекување, во Германија 1094, Унгарија 22, Португалија 61, Франција 250, Белгија 42 итн.

 

Треба да знаете
Последни објави