Турските власти во Истанбул запленија фалсификувани долари во вредност од 271 милион евра, објави турската телевизија НТВ.
Според властите, тоа е најголемата сума фалсификувани банкноти што досега е запленета.
При првична операција на полицијата не било откриено ништо, но подоцна била пронајдена врата зад голем електронски панел.
Уапсени се пет лица, меѓу кои и еден поранешен припадник на полицијата.