Ветар и суша го отежнаа гасењето на пожарот во неделата вечер, а кој во саботата избувна во планинскиот предел во центарот на Португалија каде што во пожарите во 2017 година загинаа стотина луѓе и 1700 пожарникари беа вклучени во борбата против огнот.
Силниот ветар и температурите кои се искачија до 35 степени го разгоруваат огнот што пожарникарите го ставија под контрола во текот на денот.
Дванаесет цивили и осум пожарникари беа повредени во пожарите, а еден тешко повреден цивил беше евакуиран во Лисабон со хеликоптер.
Пожарот им се приближил на куќите во селата во близина на Мака (7.000 жители), а мештаните се обиделе да се одбранат со канти со вода и црева за полевање на градината, покажуваат телевизиски снимки.
Во 19.00 часот по средноевропско време, цивилната одбрана испрати скоро 1.700 пожарникари, 480 возила и 23 противпожарни авиони и хеликоптери