Министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми, денеска оствари работна средба со новоименуваниот директор на мисијата на УСАИД во Република Северна Македнија г-динот Ерик Јановски.
Посакувајќи му успешна работа, министерот Адеми го запозна директорот на УСАИД во земјава со досегашните реформи и нови законски решенија, при што ја истакна поддршка која Министерството за образование и наука ја имаше при изготвување на новиот Закон за основно образование.
На средбата исто така стана збор и за досегашната успешна соработка, како и за продлабочување на истата во периодот кој следи.