Морските биолози открија околу Соломонските Острови еден вид желка што свети во темнина и има невообичаена способност за биофлуоресценција или емитување светлина во различни бои, како што се зелената и црвената.
Биофлуоресценцијата се проучува само десетина години, а откривањето на желка со клун на јастреб на Соломонските Острови е прва од ваков вид, пишува „Соломон тајмс”.
Тимот на биолози не знае зошто желките ја поседуваат оваа уникатна способност, но се знае дека другите видови ја користат за комуникација меѓу себе или за маскирање.
Морскиот биолог Александар Гаос вели дека коралите често имаат биофлуоресценција, така што е можно дека желките ја имаат оваа способност за да се вклопат во околината.
Тимот на биолози, исто така, ќе ја испита хемиската реакција кај желките за да утврди што предизвикува флуоресценција.
Ова единствено откритие лесно може да доведе до големи откритија кај други животни кои имаат непознати способности, според „Соломон тајмс“.