Тројца украински војници се удавија за време на вежби за премин на река во оклопни возила, соопшти претставник на оперативната команда на Доњецката народна република.
Инцидентот се случил во Лавовската област за време на воени вежби под раководство на инструктори на НАТО во Меѓународниот центар за мировни сили и безбедност.
„Според податоците на разузнавачките служби, за време на фазата на преминување водени препреки за време на бригандни тактички воени вежби, под раководство на инструктори на НАТО во Меѓународниот центар за мировни мисии и безбедност во Лавовската област, потонал борбено десантно возило од составот 95. од Посебната десантно-јуришна бригада. Во оклопното возило се наоѓале тројца падобранци“ рекол официјален претставник на оперативната команда на Доњецката народна република, Данил Брзсонов.