Јапонска компанија продава градник за мажи кои сакаат мускулести гради

Јапонскиот бренд „Чолмо“ претставинов производ, кој би можел да стане хит меѓу мажите. Се работи за перничиња за гради, кои на секој маж можат да му дадат „мускули“ како на суперхерој од филмовите на Марвел.

Перничињата за гради се продаваат на „Амазон“, а се носат под облеката и даваат илузија на мускулести гради. Производот е достапен во две бои – црна и беж, па претставниците на посилниот пол не мораат да се плашат дека ќе се видат преку облеката.

Зависно од бојата, цената на перничињата се движи од 5580 до 4980 јени , а како што се наведува во описот на производот, направени се од најлон и сунгери. Можат лесно да се извадат и стават.

Од компанијата велат дека носењето на овие перничиња јазголемува самодовербата кај мажите, но и мотивацијата, бидејќи добиваат вистинска слика за тоа како ќе изгледаат ако се фатат за тренинг, што би многумина да инспирира да се потрудат и да вежбаат.

Треба да знаете
Последни објави