Британската Кралска морнарица го зајакнува своето воено присуство во Персискиот Залив со нуклеарни подморници и поморски сили,пренесува „Дејли Мејл“.
Нуклеарната подморница од класата „астјут“, опремена со крстосувачки ракети и тешки торпеда, ќеима строго дефанзивна улога да ги пресретнува комуникациите меѓу иранските војници и да ги пријави во поморски штаб во Британија.
„Ние испраќаме брод – можеби веќе се движи кон регионот. Неговата улога е тајно разузнавање, собирање информации за поддршка на планираните придружувани конвои од танкери”, се вели во изјавата на Кралската морнарица.
Според британски „Сан“, морнарицата ќе испрати и маринци.
„ХМС Данкан“, разорувач за противвоздушна одбрана „тип 45“, беше испратен во Заливот претходно овој месец за да му помогне на британскиот воен брод распореден таму, фрегатата а „ХМС Монтроус тип 23“ стационирана во Бахреин.
Танкерот за снабдување 2РФА вејв“, кој моментално е стациониран во Гибралтар, ќе транзитира во регионот во август, додека фрегатата „ХМС Кент“ ќе биде распоредена таму во септември.
Морнарицата, исто така, има четири ловци на мини и брод за слетување закотвен во областа. „Имаме способност да испратиме повеќе бродови, но за нив ќе бидат потребни неколку недели, па маринците совршено се вклопуваат во краток рок”, изјави армискиот инсајдер за „Сан“.
Официјалните претставници на одбраната на Велика Британија допрва треба да ги потврдат извештаите, но тие обично остануваат неми за ваквите распоредувања. Распоредувањето доаѓа во период кога Тереза Мајодржа итен состанок за начините за одржување на безбедноста на превозот во Персискиот Залив.
Властите ги советуваа британските бродови привремено да го избегнат Ормускиот теснец, откако иранската револуционерна гарда ИРГЦ во петокот привремено задржа два танкера. Еден од танкерите беше ослободен, додека другиот беше однесен во пристаниште во јужен Иран во очекување на истрага.
Техеран тврди дека танкерот ги игнорирал повиците за помош на ирански рибарски брод и се судрил со него. Во исто време, претставници на Техеран посочија дека нападот е одговор на заплената на иранскиот супертанкер кој, наводно, пренесува иранска нафта за Сирија, спротивно на санкциите на ЕУ.