Во првото издание на Кино на трева од утре, 23 јули, па во наредните четири дена до 27 јули (сабота) ќе бидат прикажани пет филма во паркот на МКЦ.
Настанот е во организација на МКЦ и кино Милениум, а во склоп на програмата на „МКЦ за Скопје“.
Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, а на посетителите останува да си обезбедат место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе за седење на трева. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули која ќе започне по полноќ.
Репертоар:
23. јули (вторник) COLD WAR | режија: Pawel Pawlikowski
24. јули (среда) DOGMAN | режија: Matteo Garrone
25. јули (четврток) LORO | режија: Paolo Sorrentino
26. јули (петок) ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ | режија: Данило и Раде Шербеџија
27. јули (сабота) BORDER | режија: Ali Abbasi.