Министерството за надворешни работи отвори директна линија на која граѓаните кои се во странство ќе можат да пријават случаи за кои сметаат дека се итни, како останување без патни исправи, сообраќајна или друг вид несреќа, смртен случај, елементарни непогоди.
ГЛОБАЛ СОС линијата на МНР за сега е достапна секој работен ден од 08 до 22 часот на бројот 075 273 372.
Преку е-маил, вибер, фејсбук, а дипломатските претставништва во странство се достапни 24 часа чии контакт броеви на ГЛОБАЛ СОС ги има на веб-страницата на МНР.