Основото училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром ќе добие лифт со што ќе се овозможи и олесни движењето на лицата со физичка попреченост до и во самиот објект.
Изградбата на лифтот почна деновиве и се очекува да биде завршена пред почетокот на новата учебна година.
Лифтот е донација од Американската амбасада, а неговата вредност изнесува околу 57 илјади долари.