Претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Јукија Амано (72), почина денеска, соопшти ИАЕА.
„Секретаријатот на ИАЕА со длабоко жалење ве информира дека генералниот директор Јукија Амано почина”, наведено е во писмото на ИАЕА до земјите членки на организацијата, пренесува „Ројтерс“.
Амано на позицијата генерален директор беше од 2009 година.