Трупови на повеќе од 50 китови се појавиле на брегот на Исланд. Непријатната сцена ја забележале туристите кои со хеликоптер летале над Лонгуфјорур.
Дејвид Шварчанс, пилот на „Рејкјавик хеликоптер“, рече дека тој и неговите патници изброиле 50 китови на полуостровот Снефелснес.
Исто така, рече дека е возможно да има уште трупови, а некои веќе биле „погребани” во песок.
Се претпоставува дека китовите прво испливале на брегот и потоа умреле од дехидратација.