Зеленилото во Општина Кисела Вода ќе добие своја лична карта. Од денес, Градот Скопје заедно со УНДП, започнуваат со изработка на Катастар на зеленилото во овој дел на градот. За почеток, во сите основни училишта и градинки на територија на општината ќе бидат евидентирани сите зелени површини, дрва и останати насади. Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило кој ќе биде достапен и на официјалниот веб портал на Општина Кисела Вода.
Изработката на Катастарот на зеленило има за цел полесно и планско управување со истото, што подразбира негово подигање, одржување, заштита и реконструкција во насока на изработка на квалитетна стратегијата за развој на зеленилото на подрачјето на градот.