На 21.07.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.
Во периодот од 20.00 до 24.00 часот, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци.
Во периодот од 06.00 до 24.00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 68 останати прекршоци.