Jанева на боледување во Гевгелија, докторката на одмор во Бугарија

Катица Јанева не е во Скопје, туку веќе една недела е на боледување во родната Гевгелија, прима медикаменти и ѝ е препорачан одмор, дознава „Слободен печат“.

Докторката која ѝ го напишала боледувањето тоа го сторила на 15 овој месец, односно минатиот понеделник, а ден подоцна Јанева писмено ги известила наделжните служби во обвинителството дека е на боледување. Безмалку два дена по отворањето на боледувањето докторката, која го отворила боледувањето, заминала на одмор во Бугарија, пишува „Слободен печат“.

Jанева на боледување во Гевгелија, СЈО со „врзани раце“

 

Треба да знаете
Последни објави