|Додека граѓаните во Јапонија и Сингапур без виза можат да патуваат во 189 земји, граѓаните од нашата земја можат без препреки да патуваат во 123 држави.
Од земјите во регионот најдобро котира Словенија која се наоѓа на 10 место и чиишто граѓани можат да патуваат без визи во 179 земји, а зад неа е Хрватска на 20 место со 167 земји, , пренесе новинската агенција „Танјуг“.
Србија се наоѓа на 41 место, а српските граѓани можат да патуваат во 131 земја без виза.
Зад нас се Црна Гора со 122 земји, потоа Босна и Херцеговина на 51 место (116) и Албанија на 52 место, каде без виза може да се патува во 113 земји.
Меѓу првите места кои ги делат повеќе држави се наоѓаат Јужна Кореја, Финска, Данска, Германија, Италија, Луксембург, Франција, Шпанија, Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка.
На последното место е Авганистан, а меѓу најслабите пасоши спаѓаат и пасошите на Ирак, Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Либија, Палестина, Непал, Бангладеш, Иран, Судан и Северна Кореја.
Како што се наведува на сајтот, резултатите од листата се засновани на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која одржува најголема база за патни информации во светот