Кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ во тајност ѝ помогнала на Северна Кореја да изгради и одржува комерцијална мрежа на безжичен интернет, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“.
Според пишувањата на весникот, кинескиот телекомуникациски гигант во минатите осум години се здружил со државната кинеска компанија „Панда интернешнал информејшн технолоџи“ за голем број проекти во Северна Кореја.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагира на написот на весникот и рече дека ќе мора да ги провери овие наводи.