(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште еден од низата насилни инциденти во некогаш гламурозното одморалиште на пацифичкиот брег.

Обвинителството на државата Героро соопшти дека жртвите биле жители на Акапулко и дека бил уапсен еден осомничен.

На местото на злосторството, форензичарите пронајдоа 21 чаура.

https://youtu.be/sASXDZUuWhQ

Се тврди дека пукањето се случило во локалот Мистер бар, кој се наоѓа во таканаречената златна зона, на една од широките авении во градот, спроти луксузни хотели на брегот, објави во неделата АП.

Полицијата ги испита сведоците за да утврди дали станува збор за напад или караница меѓу гостите.

Властите започнаа безбедносна операција на почетокот на туристичката сезона неколку дена претходно во Акапулко.

Државата Гереро и Акапулко забележуваат пораст на насилство и на бројот на убиства, а во тој град, кој некогаш беше популарен меѓу холивудскиот џет-сет, бројот на туристите опадна.

Треба да знаете
Последни објави