Зошто треба секојдневно да јадете боровинки?

Летото е идеален период во исхраната да вклучите што повеќе овошје и зеленчук. И додека препораките за жените се исхрана богата со железо и калциум, за мажите им се препорачува исхраната да биде богата со намирници богати со протеини и калории.

 

Зошто боровинките се идеални и за мажите и за жените, а најмногу за децата? Тоа е така бидејќи се богати со витамини А, Б и Ц и со антиоксиданси кои го чуваат менталното здравје и мозокот од оштетување. Особено се благотворни за срцето и метаболизмот, бидејќи го успоруваат стареењето на мозокот и го подобруваат ноќниот вид.

Со редовното консумирање боровинки мажите го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2, бидејќи помага во регулација на нивото на шеќер во крвта. Боровинките се богати и со растителни влакна и протеини.

Хранливите состојки го намалуваат ризикот од неуродегенеративни болести, болести на срцето и рак. Токму затоа се препорачува да ги јадете секој ден и тоа најмалку колку што збира во една дланка.

Боровинките обилуваат со антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот со неутрализација на делувањето на слободните радикали. Со тоа се намалува штетноста на токсините кои влегуваат во организмот. Исто така, го штитат уринарниот тракт од инфекции, го прочистуваат и спречуваат влез на бактерии.

Треба да знаете
Последни објави