„Една недела по обелоденувањето на вториот октопод на СДСМ, Зоран Заев и Вилма Русковска се обидуваат да ја измамат јавноста дека Боки 13 бил најмоќниот човек во државата.
Заев и Русковска ги потценуваат граѓаните убедувајќи дека Боки 13-ка сам на своја рака, без никаква поддршка од власта и моќниците изнудувал милиони евра од бизнисмени. Односот на СДСМ кон граѓаните и медиумите е срамен и понижувачки
Ниту еден граѓанин на Република Македонија не верува дека човекот кој во својата политичка кариера три пати беше амнестиран за тежок криминал не бил вклучен во најголемата криминална афера во поновата македонска историја.
Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на СДСМ, тој е човекот кој го собра кај себе целото криминално подземје и подари држава на мафијата, нашата држава Република Македонија.
Зоран Заев како и во сите претходни случаи на милионски криминал, стои зад аферата „Рекет“. Негова десна рака е обвинителката Катица Јанева која за него досега го спроведуваше политичкиот прогон во Република Македонија, а потоа благодарение на бомбите на Заев рекетираше македонски политичари, бизнисмени граѓани.
Кики и Фрики, Боки 13 и Зоки Кичеец се само пипците на овој криминал на столетието, пипците на октоподот каде главата е Заев. За да се стави крај на безвластието во Македонија Зоран Заев мора да си замине. За да се врати правдата и да одговорат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да замине во политичка пензија3.