Во невремето што ја погоди северна Индија, од удар на молња загинаа 33 лица, повредени се 13 лица и урнати се 20 куќи , изјавија официјални лица.
Регионот го погодија обилни дождови и молњи додека земјоделците работеа на поле, објави АП.
Седум лица загинаа додека работеле во полето со ориз, вклучувајќи и една жена и дете.
Официјалните лица објавија дека семејствата на настраданите ќе добијат надомест од околу 6.000 долари.