Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за еден денар, додека за половина денар се намалува цената на дизелот.
Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 69,5 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 за 71,5 денар за литар.
Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61,5 денари.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела. Регулаторна денеска напладне ќе ја соопшти одлуката, па останува да видиме дали нѐ очекува некаква промена на цените.