Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните да бидат значително повнимателни поради потенцијалната опасност од пожари што можат да се јават со оглед на високите температури, а од друга страна тековните работи на земјоделските површини и на излетничките места каде се пали оган. Потсетуваат дека има затворски казни за утврдена вина при предизвикување пожар.
-Граѓаните да бидат постојано внимателни доколку се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и отпушоци. На тие кои ќе бидат на излетничките места во регионот, им се укажува да се воздржат од палење огнови, што неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од големиот размери. Им се советува, исто така, на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да причинат пожар, апелираат од СВР Тетово.
Од тетовската полиција потсетуваат дека секој кој на било каков начин ќе предзвика пожар ќе се соочи со ригорозни законски импликации, а за што е предвидена и затворска казни од шест месеци до осум години, зависно од видот на пожарот, околностите и крајните последици.
Секторот за внатрешни работи Тетово и на терен презема мерки за советување на граѓаните со цел превентивно да дејствува во избегнувањето пожари