Хрватска одлучи да започне со изградба на своe складиште за депонирање на нуклеарен отпад во Трговска Гора во Сисачко-Мословачката Жупанија, во близина на границата со БиХ, иако одлуката за тоа дали Хрватска и Словенија ќе го одлагаат отпадот од централата Кршко во заеднички склад ќе биде објавена во септември, пренесува хрватскиот портал „Експрес“.
Словенија веќе неколку години планира да изгради заедничко складиште за ниско и средноактивен нуклеарен отпад од централата Кршко во Врбина кај Кршко и се залага за влез на Хрватска во проектот.
Хрватска и Словенија имаат обврска до 2023 година да го згрижат својот дел од отпадот од нуклеарната централа Кршко, која е заедничка.
И покрај тоа што Хрватска има само четири години за подготвка и изградба на складиштeто, се уште не е направена студија за влијанието врз животната средина, и воопшто не е јасно како државата планира да го подготви преземањето на нуклеарен отпад за толку кратко време, вели „Експрес“.
Порталот додава дека ниту еден консензус не е постигнат со локалното население и со БиХ, кои силно се противат на депонирањето на отпадот во Трговска Гора.
Кршко функционира од 1981 година и ќе работи до 2043 година.