Каскадерот и дублер на американскиот актер Вин Дизел (52) падна на глава од 10 метри височина додека се снимаше деветтото продолжение на филмот „Брз и бесен”. Тој е итно префрлен со хеликоптер во болница. Дизел е во целосен шок, а членовите на актерската екипа се плашат од најлошото, пишува „Дејли мејл”. Инцидентот се случил во студиото на „Ворнер Брос“ во Хертфордшир, Англија.
Се претпоставува дека несреќата се случила поради пукање на безбедносните кабли кога скокнал од балконот. Тој, наводно, претрпел сериозни повреди на главата.
„Вин Дизел беше таму неколку секунди подоцна. Тој беше шокиран и се воздржуваше да не заплаче. Виде што се случи“, изјави пријател на актерот.