Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, ја прегледа новоизградената подморница, објави државната новинска агенција КЦНА, потенцијално најавувајќи го континуираниот развој на програмата подморници со балистички проектили (СЛБМ).
Ким ги разгледа оперативните и тактичките податоци и системот на борбеното оружје на подморницата која е изградена под „негова посебна грижа” и ќе плови во водите на источниот брег, според КЦНА.
Од КЦНА рекоа дека подморницата наскоро ќе биде функционална.
Северна Кореја има голема флота на подморници, но само една експериментална подморница која може да биде опремена со балистички ракети.
Аналитичарите велат дека, со оглед на големината на новата подморница, се чини дека е дизајнирана за да може да биде опремена со ракети.