Под контрола 90 отсто од подрачјето зафатено со пожарот во Португалија

Во Португалија под контрола се ставени 90 проценти од подрачјето зафатено со шумскиот пожар што трае веќе четири дена и во кои 39 лица се повредени, соопштија властите.

Меѓутоа, тие предупредија дека денеска попладне се очекува температура од 40 Целзиусови степени и оти ветровите кои дуваат може да предизвикаат дополнително ширење на пожарот низ боровата шума, пренесе агенцијата АП.

Во гасењето на пожарот денеска беа ангажирани над 1.000 пожарникари и 328 возила, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Треба да знаете
Последни објави