Полицијата открила 61 мигрант во камион кај Виничани

На 22.07.2019 околу 19.20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Скопје, во близина на надвозник Виничани, било забележано како од товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое било застанато и од кое се симнуваат повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото и во близина на возилото пронашле 61 мигранти(од Пакистан 45, од Авганистан девет, од Бангладеш шест и еден од Индија).

За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија и Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави