Премиерот на Хаити поднесе оставка

Премиерот на Хаити, Жан Мишел Лапан, поднесе оставка денес, изјави висок официјален претставник на владата, кој сакаше да остане анонимен.

Претседателот на најсиромашната земја во западната хемисфера, Жовенел Мојс, напиша на „Твитер“ дека новиот премиер ќе биде назначен наскоро и додаде дека за тоа ќе се консултира со лидерите на партијата, според „Ројтерс“.

Веста дека Лапан му понудил оставка на Мојс прв ја објави хаитски весник „Нувелист“.

„Јас направив избор за Хаити”, изјави Лапан за весникот.

Минатиот месец Хаити ги потресоа антикорупциските протести, а демонстрантите побараа оставка од претседателот на Хаити, генерал Жовенел Мојс.

Тој ги отфрли обвинувањата дека, заедно со другите политичари, ги злоупотребил средствата од субвенционираните нафтени испораки од Венецуела во рамките на програмата Петрокариба.

Оваа програма претставува нафтен сојуз на неколку карипски држави со Венецуела за снабдување со нафта под привилегирани услови за плаќање.

Треба да знаете
Последни објави