За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата е непознат поим, денес борбата против криминалот е бескомпромисна и не познава партиски бои

СДСМ со соопштение за јавност реагира на прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ во врка со изјавата на Катица Јанева и слулајот „Рекет“.

“Заштитата на криминалот и криењето на криминалци е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која заедно со Христијан Мицкоски се пипците на криминалниот октопод раководен од Будимпешта чија глава е осудениот криминалец во бегство Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ е против правдата, против одговорноста и затоа измислува и конструира непостоечки случаи. За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата е непознат поим и затоа тие немаат кредибилитет да зброуваат за правда и одговорност. СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна. Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој влегува во собраниска процедура за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да покажат одговорност и да го прифатат Предлог Законот за Јавно обвинителство и да ги остават надлежните институции да работат независно, професионално и неселективно. Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара“.

Треба да знаете
Последни објави