Бројот на повредени во пожарите во Португалија кои траат веќе три дена се искачи на 39.
Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на пожарите, а уништени се неколку куќи. Во текот на викендот изгореле околу 8.500 хектари вегетација.
До вчера вечерта само 70 отсто од пожарите биле под контрола поради силниот ветар и високите температури.
Во последните години во Португалија се регистрирани некои од најсмртоносните пожари во историјата на земјата. Во еден од нив во 2017 година загинаа 107 луѓе. Бројот на загинати таа година ја поттикна португалската Влада да поддржи построги мерки за превенција на пожари. Минатата година во пожарите немаше жртви.