Поради шумскиот пожар во Рафина затворен булевар

Поради шумскиот пожар во Рафина, грчката полиција затвори дел од булеварот и побара од граѓаните да ги следат упатствата на сообраќајната полиција.

Апел до граѓаните да ги следат упатствата на надлежните органи поради нивна лична безбедност, но и за олеснување на гаснењето на пожарот упатија и од Противпожарната служба на Грција.

Дополнително се зголемени силите што учествуваат во гаснењето на пожарот што изби во 15.21 часот по локално време во општина Рафина во источниот дел на регионот Атика, во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција, соопштуваат дека сега во гаснењето на пожарот учествуваат 101 пожарникар со 48 возила, четири пешадиски тимови , специјални тимови, два авиони и три хеликоптери.

Генералниот секретар за цивилна заштита итно заминал за Рафина.

Паралелно делумно под контрола е ставен шумскиот пожар што изби во 15.27 часот по локално време исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила и два пешадиски тимови.

Треба да знаете
Последни објави