На денешната седница на Владата усвоен е Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на земјава во Европскиот корпус на солидарност и за да се достави на усвојување до Собранието.
Со ратификувањето на спогодбата ќе им се овозможи на младите од 18 до 30 години од нашата земја да се стекнат со можност во државите членки на ЕУ да реализираат волонтерски активности во времетраење од два до 12 месеци.
-За солидарните проекти е карактеристично што се единствени проекти кои може да се реализираат без партнерска организација од друга држава учесник од ЕУ и се однесуваат на клучните предизвици во локалната средина и за промоција на европските вредности. Во име на групата млади лица, за овие програми ќе можат да аплицираат општините, училиштата, универзитетите, библиотеките, граѓанските организации и др., наведува владината прес-служба