Расте поддршката за европска морнаричка мисија во Ормутски Теснец

Франција, Италија, Холандија и Данска изразија поддршка за морнаричка мисија во Ормутски Теснец, предводена од европските земји, изјавија денеска неименувани европски дипломати.

Велика Британија и предложи на Европска Унија во Брисел предложи мисија, чија цел би била да осигури безбеден премин на пловните објекти низ Ормутски Теснец.

Според неименувани британски извори, официјален Лондон не сака во мисијата директно да се вмешани ЕУ, НАТО или САД.

Претходно, Шпанија, Шведска, Полска и Германија исто така покажаа интерес за морнаричка мисија во Ормутски Теснец.

Треба да знаете
Последни објави