Сојузот за Србија: Обвинителството да регира на најавата за убиство на еден од лидерите на опозицијата

Опозицискиот Сојуз за Србија побара денеска од Обвинителството да реагира по повод текстот во весникот „Печат”, во кој се најавува убиство на еден од лидерите на опозицијата. Во него се презентираат и податоци за постоење посебно одделение во рамките на МВР, чии припадници ги следат и прислушуваат лидерите на опозицијата без налог на обвинителството или судот.

Претседавачот на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас, на прес-конференција во Белград изјави дека против лидерите на опозицијата се води кампања на линч, идентична со кампањата спроведена против убиениот новинар Славко Чурувија и убиениот лидер на опозицијата во Косово, Оливер Ивановиќ.

-Во текстот „Јаже за бесење за Србија” се тврди дека странските служби, поради напад врз (претседателот на Србија Александар) Вучиќ, планираат ликвидација на некој од лидерите на опозицијата, што е страшно тврдење, затоа што овој текст ја аболира власта, ако на некого, кој мисли поинаку, му се случи нешто страшно во наредниот период, рече Ѓилас. Тој истакнна дека текстот е објавен во  „Печат”, а го пренесеоа „Вечерњи новости”, кои се во државна сопственост.

Тој рече дека кампањата во која оние кои мислат поинаку се нарекуваат фашисти, криминалци и луѓе кои го продале Косово или допрва ќе го продадат, претставува „распишување на конкурс за наоѓање на вистински српски патриот кој ќе направи добро дело со елиминација на некој од нас.”

-Бараме Јавното обвинителство да го сослуша авторот на овој текст за да се увиди дали тој е напишан врз основа на конкретни податоци. Ако нема податоци, тогаш авторот на текстот и (главен уредник на Новости) Милорад Вучелиќ треба да биде обвинет за вознемирување на јавноста, изјави Ѓилас.

Тој оцени дека против луѓето кои размислуваат поинаку, постојано се преземаат мерки, како и дека БИА (разузнавачка агенција) и полицијата ги следат и ги прислушкуваат и дека службите „повеќе се занимаваат со лидерите на опозицијата, отколку со она што им е задача”.

Тој кажа дека на 8 септември минатата година од страна на Управата за криминалистичка полиција е покрената посебна акција во рамките на која се следат лидерите на опозицијата и дека во рамките на Управата има Служба за специјални истражни мерки која има оделение за специјални операции.

Како што истакна Ѓилас, оваа служба работи без налог од обвиненителството или судот и без налог за следење и прислушување.

Лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ на прес конференцијата изјави дека вчера ги следеле во Нови Сад за време на основањето на Покраинскиот одбор на СзС и дека Вук Јеремиќ фотографирал четворица припадници на службите кои го следеле неговото движење.

Треба да знаете
Последни објави