Тешко повреден моторџија во Скопје

На 22.07.2019 околу 14.30 часот на бул.„8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(42) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Б.Ј. и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави