Американскиот претседател Доналд Трамп се надева дека наскоро ќе одлучи кога ќе објави мировен план меѓу Израел и Палестинците, изјави неговиот пратеник за Блискиот Исток, Џејсон Гринблат, во Советот за безбедност на ОН.
-Претседателот Трамп се уште не одлучил кога ќе го објавиме политичкиот дел од планот и се надеваме дека наскоро ќе ја донесеме таа одлука, рече тој.
Гринблат додаде дека конфликтот не може да се реши врз основа на меѓународен консензус.