Под контрола е ставен шумскиот пожар во Рафина,соопштија грчките власти попладнево. Пожарот избуна во 15.21 часот по локално време во општина Рафина во источниот дел на регионот Атика, во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 101 пожарникар со 48 возила, четири пешадиски тимови, специјални тимови, два авиона и три хеликоптери.
Делумно под контрола е ставен и шумскиот пожар што изби во 15.27 часот по локално време исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила.