Првиот човек на СЈО, Кaтица Јанева на прес конференција рече дека не е вмешана во никаков криминал и дека во случајот „Рекет“ е намерно инволвирана за да и се наруши угледот.
-Од почеток на мојот избор на прв човек на СЈО знаев дека јас и моето семејство ќе бидеме цел на напади, но повикот на државата за борба против криминалот на највисоки места е серизона чест и одговорност затоа ја прифатив. Дозволете да ви се извинам што толкав период не излегов во јавност, но решив да молчам.
Најодговорно тврдам дека ниту свесно или несвесно, ниту со сторување или несторување сум ја нарушила мојата функција. Точно дека јас како и други функционери се дружам со осомничениот, исто како и други личности, но тоа не е право некој да го искористи тоа. Сум чула дека и други го користеле моето име за да го злоупотребат на разни начини. Дадов оставка за да не ме користат за дневно политички цели во однос на договорот за законот за ЈО, и да не се мешам на било кој начин во истрагата за случајот. СЈО беше и е симбол на бескрупулозна борба против криминалот, рече Јанева.