Авиони на воздухопловните сили на Русија двапати го нарушија јужнокорејскиот воздушен простор во Јапонското Море, според агенцијата „Јонхап“, повикувајќи се на командантот на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Јужна Кореја.
Агенцијата нагласува дека биле подигнати ловците на воздухопловните сили на Јужна Кореја, па дури и пукале како предупредување.
South Korea claims ‘warning shots’ fired after Russian military aircraft ‘violated airspace’ — RT World News https://t.co/uZ2wEjhyHf
— Aston (@ZunguZunguZeng) July 23, 2019
Инцидентот се случил во областа на островот Токто, лоциран источно од јужниот дел на Корејскиот Полуостров и е предмет на спор меѓу Сеул и Токио.
Според верзијата на Комитетот на началниците на штабовите, три авиони на Русија и два кинески влегле во зоната на ПВО на Јужна Кореја. Еден руски авион, како што се тврди, два пати го нарушил воздушниот простор.
Ова е прв случај руските авиони да го прекршат воздушниот простор на Јужна Кореја.